Бред Пит извојува победа во правната битка со Анџелина Џоли — клучни личности се принудени да сведочат
Бред Пит извојува победа во неговата тековна правна битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли околу имотот „Шато Миравал“.
Препорачано
Во судски документ од 17 јуни, до кој дојде магазинот „Пипл“, Врховниот суд на Калифорнија го прифати барањето на правниот тим на Пит со кое се наложува земање изјави од членови на „Столи груп“. Пит претходно тврдеше дека инвеститорите од овој гигант за алкохолни пијалаци и вино имаат директни сознанија за продажбата на француската винарија во 2021 година. Оваа винарија, која беше во заедничка сопственост на поранешната двојка, Џоли ѝ ја продаде на „Тенуте дел Мондо“ , винскиот оддел на „Столи груп“.
Пит поднесе судски документи во јуни 2025 година, со цел да изнуди сведочење од Алексеј Олијник од „Столи груп“. Олијник наводно одбил да ги предаде релевантните документи или да се појави на сослушување, со образложение дека не може да биде принуден на тоа бидејќи е жител на Швајцарија.
Со „Столи груп“ управува Јуриј Шефлер, руски милијардер во егзил, кој исто така живее во Швајцарија. Во 2023 година, во текот на нивната судска битка, Пит ја тужеше Џоли барајќи отштета поради нејзината продажба на „конгломератот за алкохолни пијалaци поврзан со Русија“ на Шефлер, се наведува во тие документи.
Правниот тим на Пит тврдеше дека „Столи груп“ „била предмет на повеќекратни бојкоти поради инвазијата на Владимир Путин врз Украина и хомофобичната законодавна агенда“. Правниот тим на актерот тогаш тврдеше дека продажбата од страна на Џоли „го загрозува угледот на бизнисот што Пит толку внимателно го градеше“.
Џоли потоа поднесе документи во кои го критикуваше Пит, нарекувајќи ги таквите категоризации за Шефлер — „руски прогонетик кој е долгогодишен критичар на Владимир Путин“ — како „ксенофобична, невистинита кампања за оцрнување“.
Новите документи поднесени во јуни укажуваат на тоа дека сослушувањата на Олијник и на „најквалификуваните лица“ од винскиот оддел на „Столи груп“ („Тенуте дел Мондо Б.В.“), како и од „Нувел ЛЛЦ“ — компанијата која Џоли ѝ ја продаде на „Тенуте дел Мондо“ — сега мора да се одржат во Лондон до 30 септември.
Понатаму, во средата на 24 јуни, Апелациониот суд во Калифорнија донесе одлука за преиначување на своето претходно решение во врска со вмешаноста на Шефлер во продажбата на „Шато Миравал“. Судот утврди дека и покрај неговото тврдење за „минимална улога“ во продажбата на винаријата, „спротивно на секоја логика е Шефлер, како искусен бизнисмен, да ризикува речиси 40 милиони долари во трансакција за која не знаел ништо и во која немал никаква вмешаност“.
Рочиштето по барањето за принудно сослушување на Шефлер ќе се одржи на 8 јули.
Анџелина Џоли го напушта Холивуд: „Повеќе не може да избега од драмата со Бред Пит“


