Принцот Вилијам стана милијардер и е побогат од кралот Чарлс
Принцот Вилијам, наследник на британскиот престол, според новите годишни сметки од Sovereign Grant има нето имот од 1,6 милијарди долари, со што го надмина својот татко, кралот Чарлс Трети, објави британски „Мирор“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
До тој износ принцот Вилијам дошол благодарение на Војводството Корнвол, приватен кралски имот што го презел во 2022 година, кога Чарлс стана крал. Според објавените податоци, принцот Вилијам остварил приватен приход од 28,5 милиони долари во фискалната 2025-2026 година, а откако станал принц од Велс, наводно платил повеќе од 26 милиони долари данок.
За разлика од него, кралот Чарлс сè уште не го достигнал статусот на милијардер. Според најновата листа на богати на „Сандеј тајмис“, личното богатство на 77-годишниот крал се проценува на 846 милиони долари, што е речиси 40 милиони долари повеќе од претходната година.
Војводството Корнвол е главен извор на приход на принцот Вилијам и ги опфаќа официјалните, хуманитарните и приватните активности на него, Кејт Мидлтон и нивните три деца. Имотот е основан во 1337 година од страна на кралот Едвард Трети за да обезбеди приходи за наследникот на престолот, а денес опфаќа околу 205 квадратни милји земјиште во повеќе од 20 окрузи низ Велика Британија.
Според пишувањето на „Тајмс“, принцот Вилијам планира да продаде 20 отсто од војводството во следните десет години за да насочи повеќе од 670 милиони долари во проекти за изградба на домови и проекти за зачувување на природата.
„Можеме да направиме толку многу добро. Се обидувам да дадам приоритет на работите што ќе го подобрат животот на луѓето што живеат во тие области“, рекол принцот.
Чарлс управуваше со Војводството Корнвол 53 години, од 1969 година до септември 2022 година, кога му ја предаде контролата на Вилијам по смртта на кралицата Елизабета Втора. По доаѓањето на престолот, Чарлс наследил и дел од приватниот имот на покојната кралица, вклучувајќи го замокот Балморал и имотот Сандрингем.
Принцот Хари се соочи со британскиот таблоид, има и познати сојузници: „Ни ги уништија животите!“
Прстенот што принцот Вилијам ѝ го подарил на Кејт кога биле студенти има сентименталната симболика


