Тревис Келси и Тејлор Свифт на нивната фотосесија за свршувачката / Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Кои славни личности ќе присуствуваат на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси? Листата е полна со светски ѕвезди

Свадбата на годината сè уште нема официјален датум и локација, но едно е сигурно – на неа ќе присуствуваат голем број светски познати личности. Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси, кои ја објавија својата свршувачка во август 2025 година, наскоро треба да го кажат судбоносното „да“. Иако деталите за церемонијата се чуваат во тајност, интересот за списокот на гости не стивнува, пишува „Пипл“.

Во едно интервју, Свифт на шега изјави дека нема да прави селекција на гостите.

„Најстресни се свадбите на кои имаш ограничен број гости и мора да проценуваш кој заслужува покана. Јас нема да го правам тоа. Покана ќе добие секој со кого некогаш сум разговарала“, рече пејачката низ смеа.

Според досега познатите информации, овие славни личности потврдиле или јасно навестиле дека ќе присуствуваат на свадбата.

Ед Ширан

Иако не откри дали официјално добил покана, Тејлор Свифт индиректно потврди дека нејзиниот долгогодишен пријател ќе биде дел од прославата. На прашањето дали ќе настапи на свадбата, таа одговори:

„Ќе биде тешко да го спречиме. Ако има сцена, знаеш дека Ед ќе биде на неа.“

Џорџ Китл

Играчот на Сан Франциско 49ерс потврди дека добил покана, а откри и едно необично правило што го поставиле младенците.

„Рекоа апсолутно никакви подароци. Но, размислувам да му купам на Тревис старинска монета, бидејќи многу ги сака.“

Џејсон и Кајли Келси

Братот на Тревис, Џејсон Келси, ќе биде покрај него на големиот ден.

„Многу сум возбуден за брат ми. Среќен сум за двајцата и со нетрпение очекувам да славиме заедно“, изјави Џејсон.

Неговата сопруга Кајли, пак, не сакаше да открива детали.

„Престанете да ме прашувате мене и свекрва ми за свадбата. Никој ништо нема да ви каже.“

Енди Рид

Тренерот на Канзас Сити Чифс со шега потврди дека најверојатно ќе биде меѓу гостите.

„Веројатно добив покана. Ако дотогаш не го надраснам смокингот, ќе одам.“

Тој додаде дека најважно е што двајцата се сакаат.

Суки Вотерхаус

Актерката и пејачка, која настапуваше како предгрупа на турнејата „Ерас“, потврди дека ќе присуствува на свадбата.

„Ќе одам на свадбата на Тејлор и можеби ќе добијам инспирација за мојата. Ќе биде неверојатно.“

Греам Нортон

Познатиот британски водител откри дека добил покана лично од Тејлор Свифт за време на снимањето на неговото шоу. Подоцна, на шега рече дека „потпишал многу договори за доверливост“, а потоа призна дека тоа било само шега.

Зои Кравиц

И покрај шпекулациите дека двете пријателки се оддалечиле, извори блиски до Свифт потврдија дека актерката добила покана за свадбата.

Џек Антоноф

Еден од најблиските соработници на Тејлор Свифт избегна директно да потврди дека ќе присуствува, но на прашањето дали има „голема свадба“ ова лето, кусо одговори: „Се надевам.“

Принцот Вилијам

Британскиот престолонаследник, кој се сретна со Тејлор Свифт и Тревис Келси за време на концерт во Лондон, не сакаше директно да открие дали добил покана.

„Без коментар. Се надевам дека ќе има покана, па ќе видиме“, изјави тој.

ФОТО | „Њујорк тајмс“ објави детали — Тејлор Свифт и Тревис Келси подготвуваат повеќедневна свадбена прослава во „Медисон сквер гарден“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот