Асмир Алиспахиќ-адвокат / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Бутел запален автомобилот на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Во скопската населба Бутел на 25 јуни рано утрото биле опожарени две возила – „пасат“ и „мерцедес“, а едното од нив е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Полицијата работи на расчистување на случајот, додека сопствениците засега не знаат кој стои зад инцидентот.

„На 25.06.2026 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел се опожарени две возила – ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А. (42) од Скопје, и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М. (37) од Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот