Гробишта - Фото: Рexels-ivan-s

Погребите и гробиштата како нови места за запознавање? Младите велат „да“

Новo истражување покажува дека дел од младите луѓе денес сè повеќе се отворени за идејата да запознаат потенцијален партнер на невообичаени места, дури и на погреби или на гробишта, пишува „Вајс“.

Станува збор за анкета на апликацијата за запознавање „Хили“, која открива дека значителен дел од младите би биле подготвени да размислат за љубовна врска со личност што ја запознале во вакви, на прв поглед, несоодветни ситуации.

Погребите и гробиштата како нови места за запознавање

Според резултатите од анкетата, 61 отсто од припадниците на генерацијата Зет и 71 отсто од миленијалците изјавиле дека би биле отворени за излегување на состанок со некого кого го запознале на гробишта.

Дополнително, 55 отсто од генерацијата Зет и 65 отсто од миленијалците рекле дека би размениле контакт информации со личност запознаена на погреб или комеморација, со цел евентуален понатамошен контакт.

Привлечност дури и во момент на жалост

Иако темата е чувствителна, истражувањето покажува дека човечката привлечност не исчезнува ниту во такви ситуации. Од младите кои присуствувале на погреб или комеморација како возрасни, 29 отсто од генерацијата Зет и 40 отсто од миленијалците признале дека почувствувале привлечност кон некого таму.

Повеќе од половина од испитаниците исто така забележале привлечна личност, но свесно не презеле ништо понатаму.

Дали е прифатливо да се флертува на погреб?

Понатаму, 41 отсто од генерацијата Зет и 52 отсто од миленијалците сметаат дека флертувањето на погреби може да биде социјално прифатливо.

Во исто време, поголем дел од испитаниците велат дека би поддржале пријател кој би започнал врска со некого кого го запознал на погреб или комеморација – 64 отсто од генерацијата Зет и 71 отсто од миленијалците.

Дигитални навики дури и на погреб

Интересно е што дел од младите одат уште подалеку, речиси една четвртина од генерацијата Зет и околу една третина од миленијалците изјавиле дека би користеле апликации за запознавање дури и за време на погреб или комеморација, па дури и би одговарале на пораки додека се таму.

Иако ваквите податоци за многумина звучат невообичаено, тие укажуваат на промена во начинот на кој младите денес гледаат на запознавањето и социјалните контакти – дури и во најнеочекувани ситуации.

Генерацијата Зет прави забави „без телефони“, сакаат да развијат подобри социјални вештини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот