Вашиот автомобил открива каков партнер сте — и не е важно колку чини
Состојбата на нечиј автомобил може многу да каже за карактерот на сопственикот, а со тоа и за неговиот потенцијал како партнер, покажува истражување на „Токер Рисрч“, пренесува „Индекс“. Притоа не е пресудно дали се вози скап автомобил, туку колку е уредна и чиста неговата внатрешност.
Препорачано
Резултати од истражувањето
Во истражувањето учествувале 2000 слободни Американци кои активно бараат партнер, а резултатите покажуваат колку е важно одржувањето на автомобилот во чиста состојба доколку сакате да оставите добар впечаток на состанок.
Дури 73 проценти од испитаниците сметаат дека начинот на кој некој се грижи за својот автомобил одразува и како се грижи за себе. 67 проценти се согласуваат дека неуреден автомобил укажува на неорганизиран приватен живот, додека 65 проценти веруваат дека чист автомобил остава впечаток на одговорна и уредна личност.
Половина од учесниците признаваат дека ги проценуваат луѓето според чистотата на нивното возило, а секој четврти испитаник изјавил дека се откажал од понатамошни состаноци поради неуреден автомобил.
Што ги одбива потенцијалните партнери?
Внатрешноста на автомобилот може да открие многу за животниот стил на една личност, а понекогаш и повеќе отколку што би сакал сопственикот. Учесниците во истражувањето навеле неколку од најнепријатните работи што ги затекнале во автомобили на луѓе со кои излегувале.
Меѓу најчестите одговори се остатоци од храна и пијалаци, а некои испитаници тврдат дека наишле дури и на мртви животни.
Податоците покажуваат дека на жените чистотата на автомобилот им е поважна отколку на мажите, додека миленијалците покажуваат поголема чувствителност на ова прашање во споредба со генерацијата Зет. Сепак, поголемиот дел од испитаниците признаваат дека токму состанокот е главната мотивација за чистење на автомобилот.
Совети за подобар впечаток
Иако чистењето на автомобилот бара одреден труд, тоа може значително да придонесе за подобар прв впечаток. Најпрво се препорачува отстранување на сите видливи отпадоци и елиминирање на непријатните мириси, особено оние што потекнуваат од остатоци од храна.
Потоа се советува пребришување на површините и усисување на просторот меѓу седиштата. На крај, добро е возилото да се проветри и по потреба да се користи освежувач за воздух за да се остави уреден и пријатен впечаток.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека потенцијалните партнери обрнуваат внимание на тоа како изгледа и мириса автомобилот. Добрата вест е дека не е пресудно дали возите нов или скап автомобил — и постаро возило може да остави одличен впечаток доколку неговата внатрешност е чиста, уредна и без непријатни мириси.
Не е Порше, Астон Мартин ниту Ферари — најкул автомобилот во светот чини само 3.800 фунти


