Фото: Pexels

Генерацијата Зет прави забави „без телефони“, сакаат да развијат подобри социјални вештини

Настаните и забавите на кои мобилните телефони се забранети стануваат сè попопуларни меѓу младите ширум светот. Генерацијата Зет и милениумците сè почесто избираат „офлајн“ дружби, со цел да ги подобрат социјалните вештини, да запознаваат луѓе во живо и да избегаат од постојаната онлајн присутност.

Според податоците на платформата „Ивентбрајт“, бројот на вакви „без телефони“ настани пораснал за 567 проценти меѓу 2024 и 2025 година, додека посетеноста се зголемила за 121 процент.

Организаторите на ваквите собири бараат од посетителите да ги остават телефоните настрана, во посебни кутии што се заклучуваат, или едноставно да не ги користат во текот на вечерта. Наместо снимање видеа, разгледување на социјални мрежи и проверување нотификации, фокусот е ставен на разговор, музика, танцување и вистинска комуникација.

Многу млади признаваат дека по години поминати на социјални мрежи, чувствуваат анксиозност во комуникацијата лице в лице и тешко воспоставуваат контакти без помош на телефонот. Токму затоа, овие „офлајн“ забави ги гледаат како начин повторно да ги развијат социјалните навики.

Најголем раст е забележан во Велика Британија, каде бројот на вакви настани пораснал за 1.200 проценти, а посетеноста за 1.441 процент. Во САД, посетеноста скокнала за дури 913 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот