„Шепни му на малиот горе дека веќе нема полско цвеќе“: Каролина, Калиопи, Џамбазов и Весна Бејби меѓу познатите кои се простија од Владо Јаневски
По веста за смртта на македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина денеска на 65-годишна возраст по кратко боледување, продолжуваат простувањата од јавните личности и неговите долгогодишни соработници.
Препорачано
Каролина Гочева сподели три нивни заеднички фотографии, придружени со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“, а напиша: „Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“.
View this post on Instagram
Со порака се огласи и Калиопи, која откри дека Јаневски ја нарекувал „Каља“.
„Си замина тивко, без поздрав… Ми беше другар, а јас твојата Каља… Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме… Некогаш и негде…“, напиша пејачката.
View this post on Instagram
Од Владо Јаневски се прости и македонскиот шоумен и актер Игор Џамбазов.
„Збогум, Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сѐ што направи…“, напиша тој.
View this post on Instagram
Манекенката Катарина Ивановска, која се појави во видеоспотот за песната „Ако не те сакам“, сподели сегмент од спотот и остави емотикон со бел гулаб.

Порака објави и актерката Весна Петрушевска.
„Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“, напиша Петрушевска, алудирајќи на Тоше Проески.
View this post on Instagram
Од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ порачаа дека Јаневски ќе остане запаметен по песните што „ќе останат вечни спомени за љубовта, разделбите и најубавите моменти што ги носиме во себе“.
View this post on Instagram
Со последен поздрав се огласи и Тијана Дапчевиќ.
„Другарче мое… мирно патувај кон вечноста… многу ќе ѝ недостасуваш на твоја ‘Тијанисимо’… ме искрши“, напиша пејачката.
View this post on Instagram


