Лина Ѓорческа / фото: mtftennis.mk

Ѓорческа доби термин за мечот против Анисимова — почнува главниот турнир на Вимблдон, погледнете кога играат и Синер и Ѓоковиќ

На теренот број 2, точно напледне, во вторник треба да почне натпреварот на кариерата за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, на вториот гренд-слем турнир годинава Вимблдон. Во првиот настап на Македонец или Македонка во сингл на главниот турнир на некој гренд-слем воопшто, Ѓорческа ќе се сретне со фаворитката, Русинката со американски пасош Аманда Анисимова, финалистка од ланското женско финале во сингл на Вимблдон 2025, а годинава шеста носителка во женскиот дел од турнирот.

Кај мажите, ланскиот победник на Вимблдон и прв носител Јаник Синер од Италија утре (14.30 ч) игра против Србинот Миомир Кецмановиќ, а на истиот главен терен, по овој меч треба да играат и седмиот носител и седумкратен победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ против Кинезот Јибинг Ву.

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот