ВИДЕО | Хари Стајлс падна на сцената среде концерт, обожавателите загрижени: „Зошто никој не му помогна?“
Обожавателите на британскиот пејач Хари Стајлс останаа загрижени откако на социјалните мрежи се проширија снимки од неговиот концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кои се гледа како накратко паѓа на сцената откако се загушил со вода.
Препорачано
Инцидентот се случил во петокот, за време на еден од концертите од неговата 12-дневна резиденција „Заедно, заедно“ (Together, Together), во екот на рекордниот топлотен бран што го зафати Обединетото Кралство.
Додека ја изведувал песната „As It Was“, Стајлс го направил својот препознатлив сценски потег – исфрлање вода во воздух како кит – но веднаш потоа, според снимките, се загушил од преостанатата вода во устата и паднал на грб.
На видеата, снимени од различни агли, се гледа како пејачот неколку секунди кашла додека лежи на сцената, со раката пред устата, обидувајќи се повторно да дојде до здив.
По околу 17 секунди, Стајлс станал, им мавнал на присутните и го напуштил подиумот, а веќе следниот ден повторно настапил, што укажува дека успешно се опоравил.
@enricalatorre The man collapsed 😂😂 #harrystyles #harrystylesconcert #toghethertoghetertour ♬ original sound – Enrica Latorre
Сепак, снимките предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.
„Како никој не дојде да провери дали е добро?“, праша еден корисник, додека друг напиша: „Без разлика дали беше сериозно или не, мора да биде повнимателен, особено на вакви горештини.“
За време на концертот се забележувало дека маицата на Стајлс била целосно натопена од пот. Настапот се одржал во ден кога Велика Британија трет ден по ред го урна рекордот за највисока температура измерена во јуни. Во делови од земјата биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека во Лондон температурата достигнала околу 36 степени.
Поради екстремните горештини, британската метеоролошка служба и понатаму има издадено предупредување за високи температури, нагласувајќи дека постои зголемен ризик од дехидратација, топлотна исцрпеност и други здравствени проблеми, особено кај ранливите категории на населението.


