ВИДЕО | Колку е топло во Франција? Доволно за да испржиш јајца и сланина на сонце
Топлотниот бран што ја зафати Европа веќе неколку дена го нарушува секојдневниот живот во голем број земји. Екстремно високите температури влијаат врз сообраќајот, работата на училиштата, јавните настани и итните служби, а жештините не ја одминаа ниту Франција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Токму од Франција деновиве пристигна видео кое стана вирално на социјалните мрежи. На снимката, за која се тврди дека е направена во оваа земја, се гледа маж кој на прозорец пржи јајца и сланина користејќи ја само сончевата топлина.
Иако ваквите експерименти не се новост и со години се користат како симболичен приказ на екстремните горештини, видеото повторно привлече огромно внимание бидејќи температурите во делови од Франција достигнаа и над 44 Целзиусови степени.
View this post on Instagram
Жештините особено го погодија Париз, каде што властите воведоа дополнителни мерки, меѓу кои и привремена забрана за консумирање алкохол на јавни места. Болниците и службите за итна помош работат под голем притисок, а поради екстремните временски услови беше одложена и Парадата на гордоста, која наместо овој викенд ќе се одржи во септември.
Во меѓувреме, друга жителка на Париз покажа дека чоколадо оставено во стан ѝ се стопило за помалку од еден час.
Според „Некста ТВ“, Париз едноставно не е изграден за вакви температури. Тесните улици, густата урбана градба, малиот број дрвја и металните покриви што брзо се загреваат дополнително го засилуваат ефектот на горештините и претвораат делови од градот во вистински „печки“.
Топлотниот бран носи температури над 40 степени, метеоролозите прогнозираат до кога ќе трае


