Кристијано Роналдо / Фото: EPA

Повторно критики за Роналдо: „Целосно е безопасен пред голот“

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се најде на силен удар на критики поради настапите што ги прикажува на Светското првенство.

По три одиграни натпревари, Роналдо има постигнато два гола, а двата ги даде во убедливата победа против Узбекистан.

Најостри во критиките беа коментаторите на телевизијата ,,ЕСПН”, а дополнителен повод за споредбите беше уште една одлична партија на Лионел Меси, кој на Светското првенство собори уште еден рекорд.

„Да не пишуваше Роналдо на неговиот дрес, ќе помислевте дека на теренот е некој просечен фудбалер. Не изгледа како човек кој постигнал речиси илјада голови и имал кариера каква што имаше тој. На ова Светско првенство беше во офсајд повеќе пати отколку што можам да се сетам. Зошто? Затоа што веќе ја нема брзината и мора да стои пред стоперите за да им побегне“, изјавија коментаторите.

Тие продолжија со уште поостри зборови:

„Единственото место каде што треба да биде е шеснаесетникот, а него го нема таму. Зошто? Затоа што повеќе не може никому да му побегне, а кога ќе се најде таму, целосно е безопасен. Зборуваме за Роналдо… Безопасен е, не изгледа како играч што ќе постигне гол и не ми е јасно зошто воопшто е на теренот.“

Да потсетиме, Португалија во осминафиналето на Светското првенство ќе се соочи со Хрватска. Натпреварот е закажан за 3 јули во Торонто, со почеток од 21:00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот