Toни Паркер/LDLC ASVEL

Легендарниот Тони Паркер стана тренер во Евролигата

Легендарниот француски кошаркар Тони Паркер официјално е назначен за нов тренер на евролигашот Асвел, потврди францускиот клуб.

Поранешната НБА ѕвезда, 44-годишниот Паркер, веќе подолг период има клучна улога во структурата на клубот и од 2014 година е претседател на клубот и човек кој го предводеше модернизирањето и развојот на тимот од предградието на Лион. Сега, покрај раководната функција, ќе ја преземе и тренерската улога.

„Чувствувам голема гордост што ја преземам оваа одговорна должност. Мотивиран сум секојдневно да се враќам на теренот и да го почувствувам адреналинот што го носат натпреварите“, изјави Паркер.

Паркер за време на богатата играчка кариера која речиси целосно ја помина во Сан Антонио освои пет НБА титули. Во 2007 година беше прогласен за најкорисен играч во финалето, а во 2013 година ја предводеше репрезентацијата на Франција до титулата европски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот