ВИДЕО | Meси со голот од слободен удар против Јордан урна нов рекорд
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата, откако стана првиот фудбалер кој постигнал гол на седум последователни натпревари на Светските првенства.
Препорачано
До рекордот стигна на дуелот од последното коло во групната фаза против Јордан, кога во 80. минута со мајсторски изведен слободен удар го постигна победничкиот погодок за конечни 3-1.
Претходно токму над него беше направен прекршок на работ од шеснаесетникот, а потоа со прецизен удар по земја, низ живиот ѕид, ја испрати топката во долниот лев агол од противничкиот гол. Со овој погодок Меси стигна до својот 19. гол на Светските првенства, со што дополнително го подобри сопствениот рекорд според бројот на постигнати голови на Мундијалите.
Воедно, ова беше неговиот 72. гол од слободен удар во професионалната кариера, а 12. во дресот на аргентинската репрезентација.
Аргентинската ѕвезда сега има учинок од 123 голови на 202 настапи за националниот тим и се наоѓа на второто место на вечната листа на најдобри стрелци во репрезентативниот фудбал. Пред него е само Кристијано Роналдо со 145 погодоци.
Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот


