Рецепт за намаз од печени тиквички — неверојатен прилог со обичен леб или со месо
Кремастиот сос направен од печени тиквички, таан и лимон е идеален за летни дружења. Овој ароматичен сос можеби малку ќе ве потсети на хумус, но е уште полесен и посвеж.
Препорачано
Сервирајте го со пита леб, свеж зеленчук и печено месо или како намаз за сендвичи и тортилји. Да, функционира исто толку добро како сос, намаз или прилог, и е исклучително лесен за подготовка и готов за само половина час.
Може да се користи како сос, намаз или прилог.
Состојки:
– 450 г тиквички, исечени на парчиња (околу 3 мали или 2 средни тиквички)
– 3 до 4 чешниња лук
– 1 лажичка сол
– кромид
– 1 лажичка мелен ким
– 1 лажица екстра девствено маслиново масло
– 30 г свеж копар, ситно исечкан, плус малку за сервирање
– 2 лажици таан, плус малку за декорација
– 1 лимон (рендана кора и сок)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Во голем сад измешајте ги исечените тиквички и целите чешниња лук со сол, малку ситно исечкан кромид, ким и маслиново масло. Распоредете го зеленчукот во еден слој на плех обложен со хартија за печење.
Печете 15 до 20 минути, додека тиквичките не омекнат и лесно не поруменат по рабовите.
Додека тиквичките се уште топли, префрлете ги во блендер. Додадете копар, таан, кора од лимон и сок.
Блендирајте неколку минути додека не добиете целосно мазна и кремаста смеса. По потреба, пробајте и додадете плус зачини.
Префрлете го сосот во сад за сервирање. По желба, украсете го со малку таан, свеж копар, неколку капки маслиново масло, семки од сусам или мешавина од зачини за’атар.
Што е за’атар?
За’атарот е зачин – поточно, мешавина од зачини.
Не постои единствен рецепт, туку секоја продавница за зачини или производител имаат своја мешавина, така што за’атарот може да содржи и ким и сумак и тостирана пченица и коријандер.
Повеќето за’атарски мешавини содржат мешавина од мајчина душица, оригано, семе од сусам, сол и сумак, уште еден популарен вкус на блискоисточната кујна. Сумакот има вкус на лимон и црвеникава боја.


