Фото: EPA/Henry Chirinos

Расте бројот на жртвите во Венецуела, спасувачите грозничаво бараат низ урнатините

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 1.430, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеани под урнатините. Земјата во средата беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени. Повредени се повеќе од 4.000 луѓе, а илјадници останаа без покрив над глава, јавија локалните медиуми.

Според официјалните податоци, оштетени се најмалку 383 згради, 13 болници, 25 трговски центри и повеќе од 1.000 други објекти. Десетици илјади луѓе и натаму се водат како исчезнати, што предизвикува стравување дека бројот на жртви дополнително ќе расте.

Во спасувачките операции се вклучени тимови од повеќе земји, меѓу кои и специјализирани екипи од државите на Европската Унија. Спасувачите работат непрекинато во најтешко погодените подрачја во обид да пронајдат преживеани и да им помогнат на погодените од катастрофата.

Во Венецуела пристигнаа 1.600 спасувачи од странство за да помогнат во потрагата по преживеани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот