ВИДЕО | Се омажи некогашното „најубавото девојче во светот“ — денес има 25 години и е успешен модел
Манекенката Тајлан Блондо, која како дете стекна светска слава како „најубавото девојче на светот“, се омажи за диџејот Бен Атал, само три месеци откако ја објавија свршувачката. Двојката денеска го кажа судбоносното „да“ на граѓанска церемонија во Париз, во присуство на најблиските.
Препорачано
За свадбениот ден, Блондо избра елегантен бел фустан со наметка, кој ја следеше линијата на телото. Косата ѝ беше собрана во уредна пунџа, а изгледот го надополни со дискретна шминка и букет од бели кали. Нејзиниот сопруг носеше класичен темносин костум во комбинација со бела кошула.
💍✨ Mariage de Thylane Blondeau et Benjamin Attal à la mairie du 16e arrondissement de Paris
Grand jour pour Thylane Blondeau et Benjamin Attal ! Le couple s’est dit « oui » lors d’une cérémonie organisée à la mairie du 16e arrondissement de Paris, entouré de leurs proches.… pic.twitter.com/FaNF2H0JqG
— Closer France (@closerfr) June 29, 2026
Свршувачката се случи за време на романтично патување во Грција. Манекенката тогаш на социјалните мрежи сподели фотографии од запросувањето, на кои се гледаше живописниот крајбрежен пејзаж, како и златниот свршенички прстен со голем дијамант.
„Му кажав ‘да’ на мојот најдобар пријател. Засекогаш“, напиша тогаш Блондо.
View this post on Instagram
Парот е во врска од 2020 година, кратко по раскинувањето на манекенката со нејзиниот поранешен партнер Милане Мерите.
Тајлан Блондо почнала да се занимава со манекенство уште како дете. На само четиригодишна возраст чекорела на ревија на Жан-Пол Готје, а на шест години беше прогласена за „најубавото девојче на светот“, титула што ѝ донесе светска популарност.

На десетгодишна возраст стана најмладиот модел што позирал за францускиот „Вог“, што тогаш предизвика бројни критики. Причина беа фотографиите на кои носеше златен фустан со длабоко деколте и високи потпетици, поради што многумина го обвинија списанието дека ја сексуализира малолетната манекенка.
Подоцна изгради успешна кариера во модната индустрија. Во 2017 година носеше ревии за „Долче и Габана“, стана амбасадорка на „Л’Ореал“ и заштитно лице на парфемите на француската дизајнерка Лолита Лемпика. Пред шест години ја основа и сопствената модна линија „Но Смајл“.


