Џесика Алба со ќерките /Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Џесика Алба со новото, младо момче и со ќерките на фудбалскиот натпревар помеѓу  САД и Турција

Актерката Џесика Алба (45) ја помина вечерта на натпревар од Светското првенство во фудбал во друштво на своите ќерки, 18-годишната Онор и 14-годишната Хејвен и новото момче, Дени Рамирез (33).

Тие од трибините го следеле помеѓу САД и Турција, што се одигра 25 јуни на стадионот СоФи во Инглвуд. Актерката била снимена додека позира за селфи со своите ќерки и нивните пријателки, а подоцна со фотографиите се пофалила и на Инстаграм.

Џесика Алба со ќерките и нивните пријателки/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Дени Рамирез (33), новото момче на познатата актерка, му се придружило на семејството во ВИП ложата. Двојката им позирала заедно за фотографите.

Врската Алба и Рамирез трае од летото 2025 година, неколку месеци откако актерката поднесе барање за развод од Кеш Ворен.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На почетокот, тие ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста, но подоцна ја потврдија со заеднички појавувања на настани и објави на социјалните мрежи. Во последните месеци, тие често можат да се видат заедно на патувања, спортски настани и јавни излегувања, а извори блиски до двојката тврдат дека нивната врска станува сè посериозна.

Во последните години, Рамирез стана едно од попрепознатливите млади холивудски имиња. Тој глумеше во филмовите „Top Gun: Maverick“ и „Captain America: Brave New World“, а се појави и во втората сезона од серијата „The Last of Us“.

Најстарата ќерка Хонор Мари Ворен, за која многумина велат дека многу личи на мајката, неодамна заврши средно училиште, наесен ќе студира на Универзитетот Јејл. На истиот факултет студирал и нејзиниот татко, филмскиот продуцент Кеш Ворен, од кого Алба се раздели на почетокот на 2025 година по 16 години брак.

Поранешните сопружници го имаат и осумгодишниот син Хејс, кој не бил на фудбалскиот натпревар. Двајцата претходно нагласија дека заедничкото родителство и понатаму е нивен приоритет. Помладата ќерка Хејвен Гарнер Ворен ретко се појавува во јавноста, но често се придружува на семејните излегувања.

Џесика Алба и Кеш Ворен официјално се разведоа

ФОТО | Џесика Алба и новото момче разменувале нежности пред сите на плажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот