Џесика Алба и Дени Рамирез / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Џесика Алба и новото момче разменувале нежности пред сите на плажа

Познатата актерка Џесика Алба ужива во новото животно поглавје по разводот, а деновиве повторно беше фотографирана со своето ново момче, актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.

Вљубениот пар бил забележан на плажа во Мајами Бич за време на одбележувањето на американскиот Ден на сеќавањето. Иако вниманието на јавноста било насочено кон нив, тие воопшто не се криеле и постојано разменувале нежности.

За време на капењето во морето се гушкале, а во еден момент размениле и страстен бакнеж. Џесика Алба носела големи очила за сонце, додека Дени Рамирез се обидел да го сокрие лицето со капа, но присутните веднаш ги препознале.

Двајцата уживале на плажа со коктели и лесна храна, а според фотографиите изгледале многу опуштено и среќно.

Џесика и Дени веќе подолго време се во врска, а приказната започнала по нејзиниот развод од Кеш Ворен. Актерката во февруари минатата година поднела барање за развод, а постапката официјално завршила во февруари оваа година.

Според договорот, Алба треба да му исплати на поранешниот сопруг три милиони долари – половина веднаш, а остатокот следната година. Поранешната двојка договорила и заеднички да се грижи за своите деца – ќерките Онор и Хевен и синот Хејс.

Џесика Алба и Кеш Ворен се запознале во 2004 година за време на снимањето на филмот „Фантастична четворка“. Се венчале четири години подоцна, а јавноста останала изненадена кога по 17 години брак објавиле дека се разведуваат.

Во документите за развод, Алба како причина ги навела „непомирливите разлики“, а како датум на разделбата бил наведен 27 декември 2024 година.

Неколку месеци по веста за разводот, актерката првпат била видена со Дени Рамирез. На почетокот двајцата се труделе да ја сокријат врската од јавноста, но тоа не траело долго. Откако медиумите го открија неговиот идентитет, парот престана да се крие и сè почесто споделува заеднички моменти и фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот