Џеј Зи
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Хаос пред концертот на Џеј Зи во Њујорк — безбедносен инцидент го одложи настапот за повеќе од четири часа

Концертот на Џеј Зи на стадионот „Јенки“ во Њујорк доцнеше повеќе од четири часа поради безбедносен инцидент, откако поголема група луѓе наводно го пробила обезбедувањето, по што бил воведен привремен безбедносен режим и бил затворен влезот на стадионот, пишува „Форбс“.

Според американските медиуми, концертот требало да почне во 20 часот по локално време, а вратите за посетителите биле отворени два часа претходно. Меѓутоа, по наводниот безбедносен пробив, никому не му било дозволено ниту да влезе, ниту да го напушти стадионот неколку часа.

Џеј-Зи се појавил на сцената дури по полноќ, кога безбедносните служби почнале постепено да ги пуштаат посетителите во стадионот. На почетокот на концертот тој им се извинил на присутните за доцнењето.

„Ги затворија вратите за ваша безбедност и за безбедноста на сите што беа надвор. Надвор има околу 10.000 луѓе. Не сакав да почнам со музиката и некој да биде прегазен. Навистина ми е жал за непријатностите, но морав да се уверам дека сите се добро. Ви благодарам за трпението“, им рекол Џеј Зи на обожавателите.

И покрај доцнењето, завршната вечер од тридневната серија концерти во Њујорк донесе бројни музички изненадувања. На сцената на Џеј Зи му се придружија Бијонсе, Ријана, Ашер, Тејана Тејлор, Џермејн Дупри, Фарел Вилијамс, Фет Џо, Џизи, Пуша Ти и Џадакис.

Со овие концерти Џеј-Зи одбележува 30 години од објавувањето на својот дебитантски албум „Reasonable Doubt“ и 25 години од албумот „The Blueprint“.

Џеј Зи ослободен од обвинението за силување на 13-годишно девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот