Илустрација - делфин / Фото: Unsplash

ВИДЕО | Неверојатна глетка кај Задар — делфин си играше со топка со група капачи

Во малото место Масленица, недалеку од Задар, Хрватска, се случи неверојатен момент на игра помеѓу делфин и група капачи.

Видеото кое беше споделено од хрватските медиуми брзо се прошири на социјалните мрежи и прикажува како еден делфин им се приближува на капачите и им се придружува во играта.

Делфинот ја користи својата муцка со неверојатна леснотија и прецизност за да ја фрли розово-белата топка за плажа кон луѓето. Собрани во плитките води, капачите ентузијастички учествуваат во овој необичен „натпревар“ и ја враќаат топката на својот морски соиграч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 023.hr (@023.zadar)

Оваа симпатична ситуација предизвика лавина од емотивни реакции на социјалните мрежи.

„Така треба да биде светот“; „Каква чест за тие луѓе со топката!“;  „Дали ја остави топката или ја зеде со себе за да може да се забавува?“, беа дел од коментарите под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот