Дали возрасните гејмери им се привлечни на жените?
На интернет се разви жестока расправа околу прашањето дали возрасните мажи кои играат видео игри се привлечни партнери. Дебатата ја започна објавата на Лизи Марбах на социјалната мрежа Икс, во која таа го сподели своето „непопуларно мислење“ за оваа тема, пренесува „Индекс“.
Препорачано
Марбах тврди дека играњето видео игри е особина која на жените им е исклучително непривлечна кај возрасните мажи, дури и ако на почетокот им изгледа дека тоа не претставува проблем.
„На жените тоа им е крајно непривлечно и тоа никогаш нема да се промени“, напиша таа.
I know this is unpopular, but it will always be unattractive for a grown man to play video games.
Some women might be understanding or pretend like they don’t care that you spend hours playing, but they do.
It is extremely unattractive to women and will never not be. 🤷🏼♀️
— Lizzie Marbach (@LizzieMarbach) May 4, 2026
Таа додаде дека кога ќе се отвори темата за мажи кои играат видео игри, многу луѓе ја губат способноста за разумна расправа.
„Сето чувство за рационалност и разум исчезнува штом ќе се спомене темата за мажите кои играат видео игри. Мажите поради ова стануваат лути, неразумни феминистки. Тоа треба да се проучува“, наведе Марбах, предизвикувајќи бројни реакции.
All sense of rationality and reason goes away when the topic of men playing video games is brought up.
The men turn into raging irrational feminists over it. Needs to be studied.
— Lizzie Marbach (@LizzieMarbach) May 4, 2026
Поделени мислења на социјалните мрежи
Многу корисници не се согласија со нејзиното општо тврдење, посочувајќи дека проблемот не е во самиот интерес за видео игри, туку во тоа дали човекот има рамнотежа меѓу забавата и обврските.
„Проблемот се појавува само ако поради играњето ги занемарува своите обврски или партнерката“, напиша еден корисник.
Друг се согласи со ова гледиште: „Ако станува збор за зависност која ги презема неговите главни одговорности, тогаш секако дека е проблем. Но, нема ништо лошо во тоа мажите да играат видео игри како хоби.“
Една корисничка на Икс напиша дека играњето на нејзиниот сопруг ѝ е „слатко“ и ѝ порача на Марбах:
„Престанете да внесувате раздор во здравите врски.“
Некои корисници истакнаа дека е проблематично кога една возрасна личност се обидува да ѝ одредува на друга како да го поминува слободното време.
„Секогаш ќе биде одбивно кога возрасна жена се обидува да му кажува на возрасен маж што да прави“, стоеше во еден од коментарите.
Други се запрашаа зошто токму видео игрите се издвојуваат како проблем. Една корисничка посочи дека привлечноста е различна за секого и дека на многу жени, на пример, мажите кои се занимаваат со спорт, лов или риболов можат да им бидат многу непривлечни.
Еден коментатор напиша дека ѝ ја покажал објавата на својата сопруга.
„Никој никогаш не рекол дека играњето видео игри е привлечно. Тоа е хоби, кој се грижи што мислиш ти или кој било друг за тоа?“, напиша тој.
Дискусијата продолжи и на Редит
Темата од Икс се прошири и на Редит, каде што корисниците продолжија да ги споделуваат своите ставови. Еден корисник објави слика од екранот од објавата на Лизи Марбах и ги праша жените на форумот дали се согласуваат со неа и дали таа се обидува да го оправда својот поглед на светот зборувајќи во име на сите жени.
This one’s for the ladies to answer. Do you agree with this woman or do you think she’s trying to rationalize her world view by speaking for all the ladies?
by
u/Oda_DeezNutz in
SipsTea
Одговорите беа слични на оние што се појавија на Икс.
„Мислам дека е непривлечно кога некој маж ги занемарува своите обврски за да игра. Она што го прави во слободното време не би требало да засега никого друг“, напиша една корисничка.
Други направија разлика меѓу умерено играње и претерано поминување време пред екранот.
„Постои разлика меѓу играње една или две партии и поминување цел викенд, секој викенд, со видео игри. Ова второто е исклучително непривлечно“, смета еден коментатор.
„На многу жени не им е важно сè додека не го занемарувате вистинскиот живот“, напиша друга корисничка, додека уште еден коментар нагласи дека суштината не е само во играњето, туку во тоа дали постои рамнотежа со останатите обврски.
Една корисничка целата ситуација ја искоментирала со шега:
„Кога сите обврски се завршени и имаме слободно време? Ми треба таков маж што ќе игра за да можам и јас на мир да играм!“
Иако Марбах во својата објава се обиде да зборува во име на сите жени, бројните реакции покажаа дека ставовите се многу поразновидни и дека прашањето не е толку едноставно. За многумина, проблемот не е самото играње видео игри, туку начинот на кој тоа влијае врз односите, обврските и секојдневниот живот.


