Фото: EPA/NEIL HALL

ВИДЕО | Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон

Во машкото финале на грен слем турнирот Вимблдон, италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска на Централниот терен го победи вториот носител, Александер Зверев со 3:1, во сетови 6-7, 7-6, 6-3, 6-4 за три часа и 47 минути игра.

Синер со тоа ја освои својата втора титула во Лондон, а петта вкупно на грен слем турнирите во својата кариера, откако претходно двапати го освои Австралија опен и по еднаш САД опен и Вимблдон.

Тој стана само 10 тенисер во Опен ерата кој успешно ја одбрани титулата од Вимблдон. Од друга страна, Зверев останува со една титула, онаа од овогодинешниот Ролан Гарос.

Ова беше седмо грен слем финале за Синер и петта победа (поразен во 2025 година на САД опен и Ролан Гарос), додека Зверев го забележа својот четврти пораз во своето петто финале, прво на Вимблдон (САД опен, Австралија опен и Ролан Гарос).

Воедно, тоа беше 10 победа во низа за Италијанецот против германскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот