Фото: Flightradar24.com / скриншот

Силно невреме попладнево во Скопје, авион на „Визер“ мораше да слетува во Приштина

Авион на компанијата „Визер“, кој требало да слета на Скопскиот аеродром, попладнево бил пренасочен за слетување во Приштина поради невремето кое ги зафати Скопје и околината.

Според она што го покажуваат веб-страницата за следење летови „Флајт рејдар“, авионот, кој летал од швајцарскиот град Базел, некое време кружел над Скопје чекајќи поповолни услови и дозвола за слетување, но по неколку неуспешни обиди, било одлучено да биде пренасочен кон Приштинскиот аеродром.

Главниот град околу 16:30 часот попладнево го зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека пороен дожд и нестабилност има во северозападните и во централните делови од државата.

Според информациите на УХМР, невремето се движи кон Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Велес.

ВИДЕО | Паника во авион од Солун — се скршил прозорец во кабината, повреден е патник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот