Емануел Макрон / Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

„Одвратниот антисемитизам се враќа“, предупредува Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на повторниот подем на антисемитизмот во Франција и повика на постојана будност, нагласувајќи дека општеството мора да се спротивстави на омразата и дискриминацијата, јави РФИ.

Говорејќи во Париз на првото национално одбележување на рехабилитацијата на капетанот Алфред Драјфус, 120 години по одлуката на Касацискиот суд, со која беше докажана неговата невиност, Макрон рече дека „старите демони на антисемитизмот никогаш целосно не исчезнале од Франција“.

Тој предложи имињата на „Праведниците меѓу народите“ – луѓето кои спасувале Евреи за време на нацистичкиот прогон – да бидат поставени на сите куќи, згради и места каде што тие им пружале засолниште.

„Соочени сме со враќање на одвратниот антисемитизам и затоа будноста е наша постојана обврска“, изјави Макрон, повикувајќи ги сите француски општини да ја поддржат оваа иницијатива.

Алфред Драјфус, француски офицер со еврејско потекло, во 1894 година беше неправедно осуден за велепредавство врз основа на лажни докази и политички мотивиран антисемитски процес. По долгогодишна борба на интелектуалци, писатели и политичари, неговата невиност беше официјално признаена.

Во рамките на одбележувањето, статуата на Драјфус беше поставена пред Касацискиот суд во Париз, а беше најавено и дека еден плоштад во француската престолнина ќе го носи името на неговата сопруга, Лиси Драјфус, која со години се борела за неговата рехабилитација.

ВИДЕО | Страшна експлозија во Киев — Зеленски најави одговорност на функционерите кои дозволиле складирање оружје во станбени зони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот