Фото: EPA/EDUARDO LIMA

Бројот на селектори кои ги напуштиле националните тимови за време на Мундијалот се зголеми на 13

Светското фудбалско првенство година донесе не само изненадувања на теренот, туку и голем број на заминувања на селекторите. По елиминацијата на Сенегал, и Папе Тиав остана без ангажман, па бројот на селектори кои одлучија да ги напуштат националните тимови за време или веднаш по Мундијалот се зголеми на дури 13.

Сенегалската фудбалска федерација потврди дека ја прекинала соработката со 45-годишниот Тиав и неговите помошници по поразот од Белгија (3:2) во осминафиналето. Начинот на кој беше елиминирана африканската репрезентација беше особено болен. Сенегал имаше предност од 2:0, но не успеа истата да ја задржи, откако Белгијците направија целосен пресврт.

Елиминацијата предизвика големо незадоволство во земјата, а некои репрезентативци јавно го критикуваа стручниот штаб. Меѓу нив беше и играчот од средниот ред на Виљареал, Папе Геј, кој објави дека ќе направи пауза од играњето за репрезентацијата додека не се промени ситуацијата.

Серијата на заминувања на селекторите започна со Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првото коло од групната фаза, по убедливиот пораз на Тунис од Шведска (5:1).

Мирослав Кубек (Чешка), Стив Кларк (Шкотска), Хонг Мјунг-бо (Јужна Кореја) и Марсело Биелса (Уругвај) исто така си заминаа по групната фаза.

По елиминацијата во осминафиналето, Себастијан Бекасече (Еквадор), Роналд Куман (Холандија), Јулијан Нагелсман (Германија), Златко Далиќ (Хрватска) и сега Папе Тијав (Сенегал) останаа без работа.

Хавиер Агире ја напушти клупата на Мексико по елиминацијата во осминафиналето, како и Карлос Кеирош (Гана) и Роберто Мартинез (Португалија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот