Фото: Архива на „Слободен печат“
Фото: Архива на „Слободен печат“

Македонија ќе ја води истрагата за Србинот што излета до половина од авионскиот прозорец на „Рајанер“

Кога Боингот 737 на „Рајанер“ се врати во Солун со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец, многумина претпоставија дека Грција ќе ја води главната истрага. Авионот полетал од грчки аеродром и безбедно се вратил таму, и останува во Солун за детален технички преглед.

Но, Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB), соопшти дека е назначен акредитиран претставник за да ѝ помогне на Република Северна Македонија во истрагата за овој сериозен инцидент.

Безбедносната истрага ја спроведува државата на чија територија или во чиј воздушен простор се случила несреќата или сериозниот инцидент. Во меѓународната терминологија, ова се нарекува „држава на настанот“.

Според достапните информации, инцидентот на летот FR1879 се случил над Северна Македонија. Поради тоа, таа држава ја спроведува истрагата, иако авионот полетал од Солун и се вратил во Солун.

ВИДЕО | Паника во авион од Солун — се скршил прозорец во кабината, повреден е патник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот