Фото од соопштение на општина Аеродром
Фото од соопштение на општина Аеродром

Почна постапка за отворање прва градинка во Долно Лисиче

Општина Аеродром започнува постапка за изградба на прва детска градинка во Долно Лисиче. Советниците во општината Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ дале согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација.

Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет, велат од општината.

Во соопштението не се наведува крајниот рок за изградба на градинката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот