Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради санирање на дефект, делови од Кисела Вода, Аеродром, Студеничани и Зелениково денеска ќе останат без вода

Повеќе општини од Скопје и околината денеска ќе останат без вода, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Поради уличен дефект на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија, прекинато водоснабдување имаат корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:00 часот, а прекинот ќе трае сè до завршување со санација на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот