Фото: Министерство за спорт

Националната пливачка федерација пет години бесплатно ќе го користи базенот при салата „Партизан“ во Карпош

Исто така, според Одлуката на Советот на Општина Карпош, Националната пливачката федерација е должна да обезбеди и отстапи термини за бесплатно користење на базенот за учениците од прво до петто одделение од општинските основни училишта на територија на Карпош.

Советниците во Советот на Општина Карпош денеска ја поддржаа Одлуката со која локалната самоуправа ќе го даде новоизградениот затворен базен при салата „Партизан“ на времено користење на Националната пливачка федерација.

До крајот на мај Кисела Вода ќе добие затворен пливачки базен

Базенот сместен во близина на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ ќе биде даден времено да се користи без надоместок во период од пет години, притоа Националната пливачка Федерација се обврзува, по потреба да инвестира во просторот, редовно да ги подмирува сите трошоци за одржување, како и да ги подмирува режиските трошоци кои произлегуваат од користењето на просторот.

Ќе ги дочекаат ли карпошанки ветените бесплатни прегледи за остеопороза?

Исто така, според Одлуката, пливачката Федерација е должна да обезбеди и отстапи термини за бесплатно користење на базенот за учениците од прво до петто одделение од општинските основни училишта на територија на Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот