Празни шини Македонска железница / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Заврши реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје, се најавува и „градскиот воз“

Заврши реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје на делницата Драчево – Илинден, со што товарните возови наскоро ќе бидат пренасочени надвор од градското подрачје. Со оваа инфраструктурна промена се очекува побрз товарен железнички сообраќај, подобра организација на транспортот и намалување на загадувањето во главниот град.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура Синиша Ивановски, извршија увид и тест-возење по обновената пруга.

-Со оваа железничка обиколница товарните возови повеќе нема да минуваат низ Скопје. Очекуваме по завршувањето на тест-периодот и техничкиот прием, за околу дваесетина дена делницата да биде ставена во целосна функција за карго-сообраќај – изјави Николоски.

Според него, проектот ќе придонесе за намалување на загадувањето, но и за подобрување на протокот на стока по Коридорот 10, што треба да овозможи побрз транспорт, повеќе железнички композиции и подобри услови за стопанството.

Николоски најави и дека најдоцна до 1 септември треба да започне со работа и првата линија на Градскиот воз. Таа ќе сообраќа на релација Зелениково – Драчево – центарот на Скопје, со што ќе се направи првиот чекор кон развој на приградскиот железнички превоз во главниот град.

Николоски: Возачите се прифатени од Брисел како професионалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот