Трамп вели дека примирјето со Иран заврши, го нарече „губење време“
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека привремениот договор за ставање крај на војната со Иран е „завршен“, откако Техеран изврши нови напади врз американски бази во Заливот, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Новото ескалирање на непријателствата, кое ги зголеми цените на нафтата на највисоко ниво во последните две недели, дополнително ги поткопа напорите привремениот договор за прекин на огнот, постигнат минатиот месец, да се претвори во траен мировен договор со кој би завршила војната започната со американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари.
„Не сакам да се занимавам со нив. Тие се ѓубриња. Тие се болни луѓе. Со нив управуваат болни луѓе. Што се однесува до мене, едноставно е губење време да се занимаваме со нив“, им изјави Трамп на новинарите во Анкара пред самитот на НАТО.
Во новото зголемување на тензиите, Иран соопшти дека ги нападнал американските воени објекти во Бахреин и во Кувајт, откако американските сили извршиле напади врз ирански цели како одговор на нападите врз танкери во Ормускиот Теснец.
ВИДЕО | Иран ги нападна американските воени објекти во Бахреин и Кувајт


