Повторно поскапе нафтата
Цените на нафтата денес пораснаа за повеќе од два проценти, по нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец, што повторно ги поттикна стравувањата од прекини во снабдувањето со енергија. Референтната нафта брент се движеше околу 74 долари за барел, а американската сурова нафта „WTI“ околу 70 долари, објави „Trading Economics“.
Препорачано
Најновите инциденти ја зголемија загриженоста на бродските компании и ја доведоа во прашање одржливоста на договорот меѓу САД и Иран, кој има за цел да спречи напади во стратешки важниот морски премин.
Дополнителна неизвесност предизвика изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека конечните мировни преговори нема да бидат можни ако продолжат геополитичките закани. И покрај денешните добивки, цените на нафтата сè уште се движат близу до најниското ниво од крајот на февруари, бидејќи очекувањата за зголемување на глобалната понуда продолжуваат да го ограничуваат повидливото закрепнување на пазарот. Според медиумските извештаи, најмалку осум бродови поврзани со Јапонија го напуштија Ормускиот Теснец на пат кон брегот на Иран, вклучувајќи пет супертанкери способни да превезуваат по два милиони барели сурова нафта.
Во исто време, саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ ја намали официјалната продажна цена на својата сурова нафта „Араб лајт“ за клиентите во Азија за 1,1 долар за барел за следниот месец.
Поскапувањето следи по новите напади на САД врз Иран, кои како што соопшти Централната команда на американската армија, биле насочени кон Иран „со цел да му се наметнат високи трошоци за таргетирање и напаѓање на трговски бродови со екипажи од невини цивили во меѓународните водни патишта“.
Американски сенатор: Ако договорот пропадне, Трамп ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа


