Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран во текот на ноќта, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормускиот Теснец, објави Ројтерс.
Препорачано
„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.
„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО.
Американски сенатор: Ако договорот пропадне, Трамп ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа
Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека во Бахреин утрово се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската армија најавила одговор на американските напади.
САД синоќа извршија серија силни напади против Иран, а како што соопшти Централната команда на американската армија, нападите биле насочени кон Иран „со цел да му се наметнат високи трошоци за таргетирање и напаѓање на трговски бродови со екипажи од невини цивили во меѓународните водни патишта“.


