Нови напади на Иран/ Извор Х

ВИДЕО | Иран ги нападна американските воени објекти во Бахреин и Кувајт

Иранската војска соопшти дека ги таргетира американските објекти во Бахреин, поради што утрово има извештаи за вклучени аларми во таа држава од Персискиот Залив, објави Би-би-си.

„Поморските и воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, во заедничка операција со ракети и беспилотни летала, нападнаа 85 клучни американски воени објекти во пристаништето Салман, областа на Петтата флота на САД во Бахреин“, се вели во соопштението на ИРГК.

Иранската војска, исто така, вели дека ја таргетирала воздухопловната база Али Ал Салем во Кувајт.

Се вели дека ова следува по американските воени напади извршени против „голем број крајбрежни бази и цивилни објекти долж бреговите на покраината Хормозган и Махшахр“.

Во услови на напади, Министерството за внатрешни работи на Бахреин вклучи сирена за аларм.

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот