Енцо Фернандез Фото: EPA/RONALD WITTEK

Енцо Фернандез со гол за историја: Аргентинецот го постигна 3000. гол на мундијалите

Енцо Фернандез го напиша своето име во историјата на Светското првенство. Аргентинскиот репрезентативец не само што го постигна победничкиот погодок за „гаучосите“ против Египет, туку со тој гол го означи и јубилејниот 3.000-ти погодок во историјата на Мундијалите.

Фернандез во втората минута од судиското продолжение со удар со глава ја затресе мрежата на Египет за конечни 3:2, со што Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето, но неговиот погодок доби уште поголемо значење поради историскиот момент.

Од првиот гол на Светските првенства, кој го постигна Французинот Лусиен Лорејн на натпреварот Франција – Мексико во 1930 година, ФИФА започна посебно одбележување на јубилејните погодоци.

Меси комбинира два рекорда — најдобар стрелец, но и најлош пеналџија на мундијалите

Петстотиот гол го постигна Боби Колинс за Шкотска против Парагвај во 1958 година, додека Холанѓанецот Ренсебринк беше стрелец на 1.000-тиот гол во 1978 година против Шкотска.

Аргентинската легенда Клаудио Каниџа го постигна 1.500-тиот погодок на Мундијалите на дуелот против Нигерија во 1994 година, а Швеѓанецот Маркус Албак го постигна 2.000-тиот гол против Англија во 2006 година.

Последниот јубилеен погодок пред Фернандез беше дело на Тунижанецот Фахредин Бен Јусеф, кој во 2018 година погоди против Панама за 2.500-тиот гол во историјата на Светските првенства.

Сега, по повеќе од девет децении мундијалска историја, новото големо име во листата на стрелци на историски голови е Енцо Фернандез – човекот кој ѝ донесе победа на Аргентина и остави трага во аналите на најголемиот фудбалски турнир.

Најголемиот обожавател на Кристијано Роналдо тврди дека тој бил заслужен што Меси го промаши пеналот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот