Фото: mkd.basketball

Кошаркарите на 16 јули ќе ги дознаат ривалите од втората рунда претквалификации за ЕП 2029

По завршувањето на првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 и квалификациите за Светскиот куп 2027, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го направи првиот чекор кон формирањето на групите за втората рунда од претквалификацискиот циклус.

Само еден ден по комплетирањето на квалификациите за Светскиот куп 2027, ФИБА ги распореди осумте национални селекции кои не успеаја да се пласираат во следната фаза од мундијалските квалификации.

Согласно актуелниот ФИБА рејтинг, тие се распределени во четири натпреварувачки групи, во кои ќе им се приклучат и четирите репрезентации што успешно ја минаа првата рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Во групата „Д“ своите места веќе ги имаат Данска и Романија, во групата „Е“ ќе играат Швајцарија и Велика Британија, во групата „Ф“ се Кипар и Австрија, додека во групата „Г“ се најдоа Белгија и Чешка.

Конечниот изглед на групите ќе биде познат по ждрепката која ќе се одржи на 16 јули во Минхен, кога ќе бидат распределени и четирите победници од првата претквалификациска рунда – Македонија, Словачка, Бугарија и Норвешка.

Победниците на четирите групи ќе обезбедат директен пласман во квалификациите за Евробаскетот 2029.

Распоред на досега формираните групи:

Група Д

Данска

Романија

Победник од првата претквалификациска рунда

Група Е

Швајцарија

Велика Британија

Победник од првата претквалификациска рунда

Група Ф

Кипар

Австрија

Победник од првата претквалификациска рунда

Група Г

Белгија

Чешка

Победник од првата претквалификациска рунда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот