Иранска ракета погодила брод со хрватски екипаж: „Пукна на два метра од мене, ме спаси божјо чудо“
Брод со хрватски екипаж бил погоден во Ормускиот Теснец. Според првите неофицијални информации, на бродот имало најмалку шест хрватски државјани и сите се неповредени, објави хрватскиот портал „Морски“.
Препорачано
Катарскиот носач „Ал-Рекајат“, кој претходно беше погоден од ирански ракети, е во опасност од експлозија поради пожар во котларницата, изјавил извор запознаен со инцидентот за „Ројтерс“.
Како што објави порталот „Морски“, еден од хрватските морнари рекол дека за малку е избегната трагедија.
„Поздрав колеги. Само да ве известам дека сите сме добро. Го изгаснавме пожарот, има само малку чад. Бев на стража. За среќа бев на два метри од експлозијата! Преживеав со Божјо чудо, бидејќи правев круг и буквално една минута пред ракетата, се качив на платформата“, изјавил еден од морнарите.
„Ал-Рекајат“ претрпе значителна штета откако бродот беше погоден додека пловел низ оманската страна на Ормускиот Теснец, соопштија вчера четири извори запознаени со ова прашање, по извештаите дека Иранската револуционерна гарда испалила ракети кон бродови што минувале низ водниот пат преку ноќ.
Ова е првпат брод кој пренесува течен природен гас од Катар, кој е посредник во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, да биде погоден од почетокот на војната во Иран, кон крајот на февруари.
„Ал-Рекајат“ е во сопственост и управуван од „Накилат“, позната и како „Катар гас транспорт компани лтд“, која управува со една од најголемите флоти за транспорт на течен природен гас во светот.
ВИДЕО | Иран ги нападна американските воени објекти во Бахреин и Кувајт


