Фото: Илустрација / Приватна архива

Тешка несреќа во Србија: дете излетало од превртена кола и загинало

Дете, на 15-годишна возраст, загинало рано утринава во сообраќајна несреќа, откако автомобил се превртел на планината Голија во Србија, објави „Данас“.

Според неофицијални информации, малолетникот излетал од возилото кое се превртело.

Во моментот на несреќата во автомобилот имало уште три луѓе, од кои еден се здобил со тешки повреди.

Причината за несреќата сè уште не е позната. Во неа учествувало само возилото во кое се наоѓал загинатиот малолетник, кој потекнувал од Нови Пазар.

Полицијата и пожарникарите-спасувачи сè уште се на терен. Увидот е во тек.

Поради трагичниот настан, се откажала традиционалната манифестација „Од Голија оро се вие“, која се одржува секоја година со цел да се промовира културно наследство и обичаите на Голија и овој дел од Србија.

Пар од Србија и нивното двегодишно дете се повредени во вчерашната несреќа кај скопскиот аеродром — МВР со детали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот