Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Пар од Србија и нивното двегодишно дете повредени во вчерашната несреќа кај скопскиот аеродром — МВР со детали

Пар од Србија и нивното двегодишно дете биле повредени откако нивното возило се превртело во вчерашната несреќа кај Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од СВР Скопје, несреќата била пријавена околу 5:30 часот, кога на сервисната улица што го поврзува автопатот со аеродромот, патничко возило „нисан“ со српски регистарски таблички, управувано од 33-годишниот Н.Ѓ. од Србија, удрило во метална ограда и се превртело.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно дете, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај исклучокот од Скопје кон аеродромот, беше во прекин од 6:06 часот и беше пренасочен преку клучката Рафинерија кај Миладиновци.

Од ТАВ Македонија информираа дека привремено бил изменет и режимот на движење кон терминалната зграда, при што возилата биле насочувани по алтернативни правци, а пристапот до аеродромот бил овозможен преку стариот влез.

Сообраќајот подоцна беше нормализиран.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Се преврте кола кај скопскиот аеродром — има повредени, патот е затворен за сообраќај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот