јахта путин
ФОТО: Еспресо

Јахтата на Путин се појави на радар за првпат по речиси четири години

Руската луксузна јахта „Грејсфул“, за која се вели дека е личен брод на рускиот претседател Владимир Путин, се појави на радар за првпат по речиси четири години, објави данскиот јавен радиодифузер ДР.

Според податоците од Marinetraffic.com, онлајн платформа за следење на бродови во реално време, бродот вчера пловел по северниот брег на Данска. Според ДР, јахтата ја следат два руски воени брода од недела наутро, како и наизменично од данската морнарица и германската крајбрежна стража.

„Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, што минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи ги капацитетите одредени за оваа намена“, потврдиле данските вооружени сили за ДР.

Сепак, до синоќа, „Грејсфул“ повеќе не емитувал сигнал, според Marinetraffic.com. Според ДР, јахтата го исклучила својот АИС предавател, кој се користи за пренесување на нејзината локација, во август 2022 година, околу шест месеци по почетокот на војната на Русија против Украина.

Пред целосната инвазија на Русија на Украина, јахтата „Грејсфул“ била на одржување во Хамбург, Германија. Таа го напуштила бродоградилиштето на 7 февруари 2022 година, само 17 дена пред почетокот на инвазијата.

Најголемата, најновата и најскапата: Тимот на Навални тврди дека ова е јахтата на Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот