Фото: Монтажа / Икс

Нападот со бомба врз украинскиот бизнисмен не е терористички чин, тврди обвинителството во Монако

Властите во Монако ја истражуваат експлозијата во која беа повредени тројца како „обид за убиство“, но засега не ја третираат како „терористички“ чин, изјави денеска јавниот обвинител.

Стефан Тибо одби да каже кој бил претпоставената цел на бомбата што експлодирала вчеравечер, иако повеќе извори наведуваат дека станува збор за украинскиот бизнисмен Вадим Јермолајев.

Инцидентот се случил околу 21 часот во зграда во близина на границата со Франција. Повредена е брачна двојка на возраст од 50 до 60 години, која е во животна опасност, и 13-годишно момче, кое најверојатно е нивен роднина и има полесни повреди.

Кнезот Алберт Втори го оцени нападот како „гнасно злосторство“, а властите соопштија дека осомничениот оставил торба или пакет во холот на зградата и побегнал кон француската општина Босолеј.

Експлозивната направа содржела завртки и сачми. На терен биле распоредени десетици пожарникари и припадници на безбедносните служби, а уште четири лица биле третирани поради шок и исеченици.

ВИДЕО | Украински олигарх и неговото семејство се повредени во бомбашки напад во Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот