На Клиника извршена трансплатација на органи од починат донор / Фото: Министерство за здравство
На Клиника извршена трансплатација на органи од починат донор / Фото: Министерство за здравство

Собранието го усвои законот со кој на матичен лекар секој ќе каже дали сака да биде донор на органи по смртта

Собранието ги усвои измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Со нив секој граѓанин кај матичниот лекар ќе даде изјава дали сака да биде органодарител по завршувањето на животот.

Со усвојувањето на овој закон се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација, преку појасно изразување и евидентирање на личната волја на граѓаните, проширување на можностите за лекување и отстранување на дел од административните пречки во системот. Законот претставува значаен чекор кон пофункционален, поефикасен и подостоинствен систем на органодарителство и трансплантација, во интерес на пациентите и на јавното здравје, велат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека прв ќе се регистрира како органодарител.
Според него, изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот