Стевчо Јакимовски - Градоначалник на Оп. Карпош - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Стевчо Јакимовски - Градоначалник на Оп. Карпош - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Јакимовски нема да се појави во ,,Шутка“ на 2 јули, одложена му е затворската казна

Издржувањето казна затвор за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на 2 јули требаше да влезе во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, засега се одлага, информираа од Кривичниот суд.

Имено, Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Од Кривичниот суд соопштија дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја побарал медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.

-Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сè уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука – велат од Судот.

Неодамна од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се пресметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.

Стевчо Јакимовски сам отишол во Суд да си ја земе пресудата – бара одложување на затворската казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот