Пет активни пожари низ Македонија, најмногу гори сува вегетација
На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Црниот чад од пожарот може да се види од повеќе делови низ Скопје.
ФОТО | Голем чад се издига кај Долно Лисиче — се запали дива депонија
Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шума гори во село Сретеново, општина Дојран.
Останатите два се на велешка територија – покрај автопатот Велес – Штип кај Чолошево опожарени се ниска вегетација и сува трева, а на градската депонија гори ѓубре.
Од изгаснатите пожари денеска, едниот бил во општина Долнени – село Житоше, во близина на училиштето, гореле ниска вегетација и сува трева. Другиот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, горело ѓубре.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
8мин
-
16мин
-
18мин
-
20мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


