Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Се преврте кола кај скопскиот аеродром — има повредени, патот е затворен за сообраќај

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила на автопатот кај надвозникот на влезот кон Меѓународниот аеродром Скопје, во која се превртел автомобил.

Според првични информации од очевидци, во несреќата има повеќе повредени луѓе.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот во овој дел од автопатот е целосно во прекин.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот е прекинат сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај исклучокот од Скопје кон аеродромот.

Сообраќајот е пренасочен преку клучката Рафинерија кај Миладиновци.

Од ТАВ Македонија потврдија дека е изменет режимот на движење кон терминалната зграда, при што возилата се насочуваат по алтернативни правци, а пристапот е овозможен преку стариот влез на аеродромот.

Засега не е познато кога ќе биде нормализиран сообраќајот на главниот приод кон аеродромот.

ФОТО | Тешка сообраќајка кај Плетвар: Еден загинат, превртен камион и колона долга со километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот