Пакистанска армија и проектил EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

Пакистан го нападна Авганистан – најмалку 100 луѓе се убиени или ранети, вели Кабул

Пакистан вчера изврши воздушни напади врз неколку авганистански провинции долж западната граница, при што загинаа десетици луѓе, објави „Би-би-си“.

Талибанската влада во Авганистан го осуди „кукавичкиот чин“ и го нарече „злосторство и ѕверство“. Според талибански претставници, најмалку 100 луѓе биле убиени или повредени.

Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, изјави дека во нападите биле убиени 29 милитанти во нивните засолништа и додаде дека операцијата била одговор на „неодамнешните терористички напади врз невини луѓе“.

Пакистан долго време го обвинува Авганистан дека засолнува терористи кои изведуваат напади на пакистанска територија, тврдење што талибанската власт го отфрла.

Од друга страна, Кабул претходно го обвинуваше Исламабад за неиспровоцирани напади во кои загинале цивили, иако Пакистан тврди дека неговите операции се насочени исклучиво кон милитанти.

Двете земји во октомври минатата година постигнаа договор за прекин на огнот по неколкунеделните жестоки судири. Сепак, како и претходните меѓународно посредувани примирја, и овој договор подоцна пропадна.

„Би-би-си“ не можеше независно да ги потврди бројките за жртвите што ги изнесоа пакистанските и талибанските власти. Талибанската влада тврди дека нападите погодиле цивилни домови, додека Пакистан наведува дека цел биле засолништа на милитанти во авганистанските провинции Пактија, Пактика и Кунар.

Според талибанските власти, најголем број жртви имало во селото Мандикел во провинцијата Пактика.

Стотици загинати и ранети во воздушен напад на болница во Кабул – драматично ескалира конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот