Трагедија во Франција: 11 туристи загинаа, отидоа да скокаат со падобран за првпат во животот, семејствата ги гледале од земја додека авионот се уривал
Авион за падобранство се урна во североисточна Франција, при што загинаа сите 11 лица во него кои биле претежно туристи, по професија медицински сестри кои сакале за првпат да скокаат со падобран. Загинал и искусниот пилот, пет ученици и пет инструктори. Несреќата се случила денеска во 11 часот, како што објавуваат светските медиуми.
Препорачано
Студентите биле група медицински сестри, според извор близок до случајот и потврден од раководителот на советот за медицински сестри на Мерт и Мозел, Тиери Пеше.
-Тие беа колеги кои решија да се качат на првиот скок со падобран, без сомнение за да се опуштат, бидејќи поминуваме низ тежок период со топлотниот бран, рече тој.
Авионот претрпел дефект и „паднал речиси вертикално“ по полетувањето од аеродромот Нанси-Есеј на периферијата на Нанси, рече Сеги.
Падобранците требало да скокаат како тандеми, изјави градоначалникот на Нанси, Матие Клајн, за јавниот радиодифузер Франс Инфо. Во тандемските скокови, две лица, честопати инструктор и падобранец за прв пат, се поврзани заедно за спуштање.
Клајн рече дека некои од учесниците имале семејства и пријатели кои дошле да гледаат и го виделе авионот како паѓа од небото.
Службите за итни случаи веднаш реагирале и им пружиле психолошка поддршка на неколку роднини на жртвите, рече Сеги, додавајќи дека властите собираат и изјави од сведоци.
Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, е на пат кон местото на несреќата, соопшти неговиот персонал.


