Фото скриншот Код
Фото скриншот Код

Дрвокрадци го пустошат резерватот „Јасен“

Во ЈП Јасен на повеќе локации е извршена дива сеча на шума, а видео-снимки и фотографии покажуваат дека дрвјата се поставени на повеќе купчиња спремни за утовар, откри вечерашната епизода на емисијата „Код“ на Телма. Надлежните според одговорите што беа емитувани во емисијата, потврдиле дека дрвјата кои се во непосредна близина на патот се краделе во повеќе наврати. Локациите кои се пусти во резерватот, може да се видат само од воздух, со дрон, а од земја не се видливи.

Снимките се од локации за кои нема дозвола за сечење на дрва, а надлежните велат дека изминатите години на територија на стратешкиот објект и резерват Јасен има појава на дива сеча и дрвокрадци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот