Гордана Сиљановска Давкова Фото: Кабинет на претседател

Делегатите на УНЕСКО на состанок кај претседателката Силјановска-Давкова, на дневен ред е Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43 Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, предмет на разговорот била заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот.

Претседателот и соговорниците ја информирале Сиљановска-Давкова за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.

Таа укажала на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми.

За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот